Бројот на починати од вирусот во Кина надмина 100

Бројот на починати од епидемијата на коронавирус во Кина се зголеми на 106, при што се потврдени речиси 1.300 нови случаи, соопштија властите во вторникот.

Здравствената комисија во провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата, соопшти дека уште 24 луѓе починале од вирусот, а 1.291 се заразени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2.714.

Најмалку 4.515 луѓе сега се заразени во цела Кина, а случаи се потврдени и во други азиски држави, како и во Европа и Северна Америка, Австралија меѓу лица кои неодамна биле во Вухан.

Кинеската влада затвори цели градови во Хубеи, изолирани се околу 50 милиони луѓе во огромен карантин со што се надева дека се спречи ширењето на болеста.


SHARE