Бројот на жртви од корона во Европа надмина 200.000

Повеќе од 200.000 луѓе починале од коронавирусот во Европа, јави АФП повикувајќи се на официјални извори.

Две третини од 200.005 смртни случаи се во Велика Британија, Италија, Франција и Шпанија.

Во Велика Британија, официјално се регистрирани 44.236 смртни случаи, во Италија 34.869 во Франција 29.920, а во Шпанија 28.388 жртви.

Европа е континент најтешко погоден од пандемијата од која, на глобално ниво, починаа 538.418, јави БГНЕС.


SHARE