Бројот на жртви од Ковид-19 во светот надмина еден милион

Пред истекот на деветтиот месец од официјалниот почеток на пандемијата од коронавирус во светот бројот на починати надмина еден милион и во моментов изнесува точно 1.001.481, а смртноста е 4 проценти.

Досега се регистрирани 33,3 милиони заболени од коронавирус, оздравеле 24,6 милиони, а активните случаи се 7,7 милиони, од кои 1 отсто се во сериозна или критична состојба.

Најмногу пациенти сè уште има во САД (7,3 милиони), но брзо има се приближува Индија (6 милиони), а Бразил е трет со 4,7 милиони.

САД се први и според бројот на починати (209 илјади), пред Бразил (141 илјада), Индија (95 илјади) итн.

SHARE