Бруки: Странците кои вчера беа навредувани биле од ОН

Странците кои вчера беа навредувани на кејот на Вардар со погрдни зборови поради корона вирусот, биле претставници на невладина организација Heavenly Culture World Peace Restoration of Light при Обединетите Нации кои биле во работна посета во Македонија, дознава Слободен печат.

Тие претходно држеле работилница со деца од основно училиште во Св. Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување и биле од Обединети нации.

Инаку, не биле Кинези, туку Јуѓнокорејци.

SHARE