Брза интервенција на пожарникарите, извадени децата од лифтот во Ново Лисиче

Со брза интервенција на скопските пожарникари се извадени петте млади луѓе кои десетина минути по 23 часот беа заглавени во лифт во скопската населба Ново Лисиче во општина Аеродром.

Само десетина минути откако бил добиен повикот околу 23.40 минути противпожарната екипа веќе била во зградата на аголот на булеварот АСНОМ во близина на бензинската пумпа на ОКТА, црквата Свети Јован Крстител и паркот каде што е поставен стар авион на ЈНА.

Акцијата за вадење на децата од лифтот траела само неколку минути.

Децата освен страв не биле во опасност рекле припадници на противпожарната бригада, пренесуваат очевидци на настанот.

Деца заглавени во лифт чекаат спас во Ново Лисиче

SHARE