Бучковски: ВМРО победи кај Македонците, нема место за еуфорија во СДСМ

Екс премиерот Владо Бучковски вели дека не е СДСМ не треба да го фаќа еуфорија затоа што ВМРО-ДПМНЕ победи кај најголем дел од македонските општини.

“Ова беше најизвесната трка, се покажа како добитна комбинација што владеачката партија се договори со владеачката ДУИ. Но, очигледно според резултатите и оние поддржувачи на Река, барем половината од нив имаат излезено на овие избори за Пендаровски”, изјави екс-премиерот Владо Бучковски во вчерашното отворено студио за претседателските избори на ТВ Сител.

“Гледајќи ги резултатите, во мнозинството општини каде што доминатно е македонско гласачко тело, имаме победа на ВМРО-ДПМНЕ. И овој резултат од 370 илјади е одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека и во најоптимистичките варијанти се предвидуваа 350 илјади гласови, бидејќи јасно беше дека има поголем резервоар на гласачи не само Албанци, туку и оние кои беа апстиненти во првиот круг за Пендаровски. Очигледно е дека после овие избори, нема место за еуфорија во СДСМ. СДСМ и она ветување што го даде Заев, ќе биде клучот дали ќе влезе како фаворит на парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ дефинтивно после овие претседателски избори е компетитивен, повторно силен и ќе биде сериозна закана за актуелната владеачка коалиција”, заклучува Бучковски.

SHARE

Оставете коментар