Владата денеска го именуваше поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија, објави 360 степени.

Поранешниот премиер и министер за одбрана, во последно време е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.

„Универзитетскиот професор и поранешен претседател на СДСМ смета дека РС Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската унија. ЕУ е нашата стратешка цел и затоа мора да се бориме за почеток на преговорите, изјави тој за локалната телевизија. „Зоран Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности“, пренесуваат зборови на Бучковски бугарски медиуми денеска.

Бучковски, универзитетски професор по Римско право, сега е ангажиран на докторските студии на бугарскиот државен универзитет УниБИТ, а исто така е дел од мрежата „Jus Romanum“ на Софискиот универзитет .

SHARE