Поранешниот премиер Владо Бучковски прогнозира дека на претседателските избори во мај, СДСМ ќе победи во првиот круг откако ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ сега го испитува рејтингот на своите кандидат и таму не гледаме дека е профилиран кандидат кој однапред би имал сериозна поддршка“ вели Бучковски во интервју за Канал 5.

Можно е по првиот изборен круг, кога би била разликата според мене повеќе од 100.000 гласа за кандидатот на СДСМ, затоа што сум убеден дека СДСМ ќе биде фаворит на овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат од оние кои се споменуваат во јавноста, тогаш ќе биде голема дилемата кај ВМРО-ДПМНЕ дали да учествуваат во вториот круг за да биде исполнет цензусот. Во спротивно тивкиот бојкот ќе значи рушење на претседателските избори.

Бучковски вели дека варијантата на Владата да се бира претседател во парламентот, требало да биде промовирана не како резултат на неуспешени претседателски избори, туку како решение кое одговара на Уставот и на приликите во Македонија.

На видеото по 8 минута

SHARE

Оставете коментар