Бучковски се враќа во СДСМ!?

Владо Бучковски речиси десет месеци чекал одговор од владејачката СДСМ за враќање во „старото јато“, од каде што беше исклучен во 2012 година, пишува „Независен“.

Според информации на весникот Бучковски кој беше поранешен премиер и лидер на СДСМ, поднел барање за враќање во партијата минатата есен, но „надзорниот одбор, на чие чело е актуелниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, не се произнел за ова досега.

Бучковски беше исклучен од партијата, во 2012 година, кога на чело на СДСМ беше Бранко Црвенковски,  со образложение дека работел спротивно на интересите на партијата и дека ѝ нанесувал штета, потсетува „Независен“.

SHARE

Comments are closed.