Будала, уживател на марихуана, матарка: Душко млекарот открива навреди од Кирацовски (ФОТО)

Душко Илиевски Млекарот тврди дека екс генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски го навредувал.

Млекарот објавува фотографија од преписка на телефон во која Кирацовски го нарекува матарка и му вели дека Илиевски тресе глупости и му вели дека е или будала или корисник на наркотици и забранети супстанци.

“Навреда од страна на КирацовскиДали функционерот кој е пратеник и бивш генерален секретар може да испраќа пораки со навреди и клевети према мене?

Дали јавното обвинителство по допрен глас ќе го повика Кирацовски на информативен разговор?

Или јас да му спремам приватн тужба?

За Кирацовски законите не важат”, пишува Илиевски јавно прозивајќи го Кирацовски за упатени клевети и навреди.

SHARE