ќе има со изгласаниот откако По тридневна расправа пратениците го „аминуваа“ ребалансот на буџетот со кој се предвидени помалку пари за капиталните инвестиции и образованието.
Пратениците на владејачкото мнозинство ја бранеа пренамената на парите на Буџетот, велат дека оваа влада работи домаќински, а парите се насочуваат во покачување на платите, за поврат на ДДВ, во заштита на Охридското езеро, во здравството, земјоделството, и други сектори, што беше остро критикувано од опозицијата.
Со ребелансот вкупните приходи во буџетот се проектирани на 210,5 милијарди денари.
228,2 милијарди одат за вкупните расходи додека економскиот раст е проектиран на 3,1 насто.
Дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари.
Ребалансот на буџетот беше изгласан со 56 гласови „за“, а „против гласаа 22 пратеници.