Бугари ќе бдеат за прием на Македонија во ЕУ

Во Фејсбук се организира бдение пред Француската амбасада во Софија по одлуката на Париз да го стопира процесот на пристапување на Македонија во Европската унија, јавува бугарски портал.

Бдеењето е закажано за утре, 21 октомври, 18:30 часот. Настанот го пријавил на Фејсбук скулпторот Андреј Врабчев, кој стана познат по поставувањето споменик на Бојко Борисов со светкави очи на плоштадот Гарибалди во Софија и кој тврди дека има поддршка од интелектуалци, јавува бугарскиот портал Офф.њуз.

Во барањата адресирани до претседател на Француската Република, меѓу другото, се вели:

„Во време на комплицирани процеси на Блискиот исток, тековната војна во Сирија и интересот на сите земји на Балканот како влез во Европа, на Европската унија и треба стабилен, кохезивен и европски Балкан. Отсуството на Европа од овој регион значи дека ќе влезат други сили непријателски настроени кон неа.

Одлуката да не се покани Република Северна Македонија – срцето на Балканот – да започне преговори со ЕУ е особено опасна и за самата Северна Македонија, која ќе биде турната од политички хаос, антиевропски позиции и управување, како и за целиот регион и Европа. Не смееме да заборавиме дека многу од најлошите војни започнаа на Балканот а пред 18 години се водеше последната војна на нашиот континент“ се вели во т екстот објавен од Off.news.bg.