Бугарија ѝ предложи на Македонија заедничка кошаркарска лига!

Претседателот на Бугарската кошаркарска федерација (БФБ), Георги Глушков, му испрати писмо на својот македонски колега Перо Антиќ, во кое му предлага покренување заедничка лига меѓу двете земји.

„И покрај тоа што сè уште сме среде пандемијата од Ковид-19, треба да мислиме околу времето, се надевам наскоро, кога би можеле да ја продолжиме извонредната соработка меѓу нашите две федерации. Би сакал да разговарам со Вас за идејата за евентуалчно заедничко натпреварување меѓу најдобрите клубови од националните лиги на Бугарија и на Северна Македонија. Верувам дека таква иницијатива би била привлечна за навивачите и за медиумите, корисна за развојот и за промоцијата на нашите клубови и, ако се испланира коректно како систем на натпреварување и календар, таа е можна без уништување на вредноста и на важноста на двете национални лиги“, му напиша Глушков на Антиќ.

Првиот човек на БФБ во писмото уште му честита на својот колега од Македонија за одлуката на македонската федерација за завршување на сезоната во машка конкуренција без прогласување шампион, како што стори и Бугарија.

SHARE