Бугарија да го брани македонското небо, бара Радев

„Бугарија не треба да ја пропушти историската можност да го штити воздушниот простор на Република Северна Македонија“, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Според зборовите на Радев додека разговорите во оваа насока биле одложувани од бугарската страна во очекување на за „светла иднина“ кога земјата ќе има ескадрила на нови авиони, Грција склучи договор за оваа мисија, пренесе БГНЕС.

„Со нашите сегашни можности, можеме да ја завршиме оваа задача без дополнителни трошоци“, Радев и додаде дека „тоа не е само наш национален интерес, туку и долг кон братската Република с. Македонија и израз на одговорност“ – нагласи Радев.

Радев денеска во придржужба на министрите за надворешни работи и за одрана, ЗЏахариева и Каракачанов, отпатува за Лондон каде учествува на Самитот на земјите членки на НАТО.