Претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери ќе присуствува на гласањето во бугарското Народно собрание нза Протоколот за пристапување на земјата кон НАТО.

На 15 февруари парламентарниот Комитет за одбрана го одобри Протоколот, а  гласањето се очекува да се одржи во среда – 20 февруари, известуваат бугарски медиуми.

„Одговорно изјавуваме дека Северна Македонија може да смета на целосна поддршка и помош за целосно пристапување кон НАТО “, изјави претседателот на Комисијата за одбрана генерал Константин Попов.

 Претседателот на македонскиот парламент присуствуваше на ратификацијата на Протоколот за Македонија во НАТО во словенечкиот и во албанскиот парламент.

SHARE