Бугарија инвестирала над 100-150 милиони лева во Вардарска Македонија во периодот од 1941 до 1944 година, проценува бугарската историчарка Сија Никифорова од софискиот Македонски научен институт (МНИ).

„Нашата држава ги загуби тие инвестиции. Тоа е помеѓу 60 и 70 милијарди лева без трошоци на одредени министерства, што не ги разгледувам во книгата – воените, домашните. Но, ако мораме да ги земеме предвид и нивните расходи, тоа се околу 100 милијарди лева. Измерено во денешни пари, тоа е веројатно околу 100-150 милиони лева или малку повеќе“, изјави за телевизијата Блумберг авторката на книгата „Бугарската стопанска политика во Вардарска Македонија (1941-1944)“.

Според Никифорова, Бугарија ги добила тие територии на привремено управување, но демонстрирала вистински ангажман кон областа.

„Нејзината економска и културна преродба се на првото место пред властите во Софија и тоа е она што тие го прават таму и со инвестициите, и со човечкиот потенцијал што го испраќаат од старите предели на земјата и кои му го пренесуваат своето искуство на локалното население. Навистина, посветеноста е јасна и е за една цел – да се подобри стандардот на живеење во областа и да се изградат одредени гранки во економијата. Тоа е главната цел – економска и културна преродба на областа“, додава таа.

 

SHARE

Comments are closed.