Бугарија изгуби 50.000 жители за една година

За една година бројот на населението во Бугарија се намалило за уште 50.000,  и падна на 7 милиони во услови кога бројот на луѓето во ЕУ се зголемил за повеќе 1. 512.400 милиони луѓе.

Бугарија, според ова, заедно со Хрватска го дели второто место на ЕУ членки кои бележат најголем пад на бројот на населението, покажуваат податоци на Евростат.

Најголем пад на населението е забележан во Латвија (-7,5%), Бугарија и Хрватска (и со -7,1 %), Романија 6,6 и Литванија 5,3 проценти од бројот на население.

Во моментов, земја со најголема популација во ЕУ е Германија, каде што живеат 83 милиони луѓе, што претставува 16,2% од вкупното население на Унијата. На второ место се Франција со 67 милиони (13,1%) и Велика Британија со 66,6 милиони или 13% проценти од населението на ЕУ.

Извор:БГНЕС

SHARE