Доколку во договорот (за добрососедство) со Македонија нема официјална клаузула дека го признаваме македонскиот јазик, тоа значи дека не сме го признале официјално, иако во договорите пишува дека се на двата јазика на двете страни, вели Валери Тодоров, генерален директор на Бугарското национално радио во денешното гостување во емисијата „Bulgaria ON AIR“.

Тема на емисијата беше „новата напрегнатост“ на релација Софија – Скопје по изјавите на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов кој го „советуваше“ премиерот на Македонија, Зоран Заев да не ја злоупотребува темата за македонскиот јазик, „за да не се прости неговата земја со можноста за членство во ЕУ и НАТО“.

Тодоров вели дека требало повеќе цврстина од бугарска страна при потпишувањето на договорот и дека нема механизам за да се ревидираат сите разлики и несогласувања околу историските факти.

„Бугарија даде импулс на процес кој ќе го контролира сè помалку“, вели Тодоров. Според него, македонската страна лавира премногу меѓу договорот со нас и договорот со Грција, поради што нашата страна треба да покаже поголема цврстина.

Велизар Енчев, дипломат и универзитетски предаач, коментирајки ја новонастанатата ситуација, вели дека признавањето на заедничката историја на Бугарија и Макдонија било фундаментална грешка.

„Фундаментален пропуст е следниов, што ние признавме дека историјата ни е делива и заедничка“, рече Енчев.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.