Бугарија не може да ни го земе Гоце Делчев затоа што за Владата тој е Хелен

Пратеникот Илија Димовски со ироничен коментар на барањето на Софија, Македонија да се откаже од Гоце Делчев ако сака да не биде блокирана за НАТО и ЕУ.

“Според договорот од Преспа Гоце Делчев е Македонец со античка хеленска култура и наследство…”, пишува на шега Димовски кој индиректно ја обвинува Влада за хаосот што го направи со потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција.

Според договорот од Преспа владата во Скопјр прифаќа сите Македонци во Грција да се од дел од хеленското културно наследство а Гоце Делчев бил роден во Кукуш, денешен Килкис кој се наоѓа во денешна Грција.

Димовски на духовит начин прави паралела меѓу грчките и бугарските барања за дел од македонската историја и култура:

“Владата беше видовите и го спаси да не биде Бугарин…😖😖😖”, пишува Димовски со доза на сарказам за потезите на македонските власти.

SHARE