Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во интервјуто за Канал 5 вели дека во Бугарија нема проблем со човековита права и покрај последниот извештај на Советот на Европа кој го тврди спротивното, а за ОМО Иилинден вели дека била „јогословеска творба“.

„Во Бугарија само оваа една група зборува за тие прашања. Но фајтите се јавни: ОМО  Илинден-Пирин беше создадена како организација на југсловернската амбасада во 90-та година кога уште имаше Југославија. Извинете, но Бугарија нема како да признае аква организација“…

На прашањето на новинарот на Канал 5 дека прашува за Македонците а не за организацијата Каракачанов дрко одговара:

„Видете, на последниот попис во Бугарија има и такви што се изјасниле и како Марсовци, Ескими…Ги има неколку илјади. Што значи да ги признаеме?

Извинете, но ние досега говоревме дека до 1944 година нема некаква оддела македонска нација. За какво македонско малцинство во Бугарија зборуваме, кога македонскиот национален идентитет се создал во Југославија“ вели Каракачанов според кој не постои ни македонски јазик.

„Тој јазик во Бугарија никогаш не се практикувал, не се користел. Тоа е еден јазик кој се создава тука (во Македонија). Ако некој сака да го учи како што се учи и англискиот, тгерманскиот, францускиот, нема проблем, факултативно како што се учат другите јазици.

И турскиот не се учи задолжително во услови кога, пак ќе кажам, имаме 500.000 турци’ вели Каракачанов во интервјуто за Канал 5.

SHARE