Молитвите за празникот Рамазан Бајрам да се одржуваат само во дворовите на џамиите, договорија бугарскиот премиер Бојко Борисов и главниот муфтија во таа земја Мустафа Хаџи.

Борисов по состанокот потсети дека Бугарија била единствената земја во Европа која не пропишала никакви забрани за верниците за време на христијанскиот празник Велигден.

Главниот муфтија ветил дека строго ќе се почитуваат препораките за физичка дистанца и носење заштитни маски.

Тој изрази надеж дека пандемијата „наскоро ќе замине во историјата и дека луѓето ќе можат да се дружат како порано, затоа што на сите ни треба блискост“, пренесе БГНЕС.

SHARE