Бугарија протерува руски дипломати!?

Бугарија веројатно ќе протера двајца руски дипломати под обвинение за шпионажа, соопшто министерката за надворешни работи Екатерина Захариев.
„Добивме писма од обвинители со обвинение. Ќе преземеме активности што се бара да ги преземеме и веројатно ќе ги прогласиме за персона нон-грата“, рече Захариева.
Захариева рече дека ќе го покани рускиот амбасадор.
Обвинителите денеска објавија дека Русите се вклучени во шпионажа, но не можат да бидат судени поради дипломатскиот имунитет.

Б92

SHARE