Бугарија реагира на палењето на бугарско знаме во Мелбурн

Петар Николаев, в.д. бугарскиот амбасадор во Австралија, од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева доби задача да се сретне со австралиските власти и да ги повика да бидат преземени мерки против лицата кои запалиле бугарско знаме за време на протести на македонската дијаспора во Мелбурн.

Група македонски иселеници во Австралија ги запалија знамињата на Грција и Бугарија, како и макета на македонскиот премиер Зоран Заев, за време на протестите против промена на името на Северна Македонија и Договорот од Преспа пред македонскиот конзулат во Мелбурн.

Вчера македонската влада го осуди палењето на макетите со ликовите на Зоран Заев и Радмила Шекеринска пред конзулатот во Мелбурн.

SHARE