Колку е посиромашна е една држава, толку повеќе нејзините граѓани не трпат во своја близина луѓе кои се различни по етнос или религија. Ова го покажува новото истражување на Универзитетот во Невада, базирано врз анкети со кои биле 450 илјади лица во 100 земји.

Социјалната дистанца меѓу различните етнички групи во Бугарија се зголемува, а Бугарите се една од најнетолерантните нации во Европа.

Само Литванија, Естонија, Романија и Чешка се наоѓаат подолу од Бугарија на листата на европските држави.

 Најтолерантни се во ЕУ се Шведска, Шпанија, Франција и Данска, а на прво место од стоте земји за кои има податоци е Аргентина – главно поради големата толеранција кон различните раси и религии.

„Тоа не е изненадување за никого. Одамна е јасно дека толеранцијата на Бугаринот е мит. Социјалните разлики  меѓу различните етноси во нашата земја се зголемува с’е повеќе“, коментира во студиото на “Бугарија утро” политикологот Петар Чолаков.

Истражувањето покажува уште дека Бугарија се наоѓа горе-долу на истото место и кога е во прашање религијијата на соседите.

Новинарката Јулијана Методиев, сепак, изрази мислење дека се работи за „еден несмасен пи-ар“” на демократските влади.

„Покрај сиромаштијата, она што ја зголемува разликата во нашето општество, е односот кон различните. Постојано се забележува влошување на односот кон луѓето со друга сексуална ориентација, кон Ромите, муслиманите, бегалците“, вели новинарката Јулијана Методиева, во гостување на Bulgaria ON AIR.

SHARE