Diverse university college undergraduate students sitting at desks in row, multinational classmates writing final or admission exam in classroom, studying, reading textbooks, prepare assignment

Ослободување од трошоците за школарина за сите студенти од бугарската „дијаспора“ во Албанија, Косово, Молдавија, Република Македонија, Украина и Србија, во бугарските виши училишта предвидуваат измените на четири нормативни акти прифатени од бугарската влада, пренесува News.bg.

Досега, овие студенти плаќале такса за нивното образование како да се бугарски државјани, освен ако со земјата на која се државјани не постои билатерален договор за ослободување од школарина.

Исто така, со измените и дополнувањата на Уредбата за правилата и постапките за доделување стипендии на студенти, докторанти и специјалисти од државните високообразовни институции и научни организации, се предвидува безусловно доделување на стипендии воо висина 240 во првата година на студирање на примени студенти од Албанија, Косово, Молдавија, Македонија, Украина и Србија. Промените ќе се однесуваат на новопримените студенти за учебната 2020/2021 година.

SHARE