Бугарка на чело на Светска банка

Поранешната бугарска еврокомесарка Кристалина Георгиева о 1 февруари привремено ќе ја извршува функцијта претседател на Светска банка, една од највлијателните меѓународни финансиски организации

Причината за промената на челотѕо на СБ е изненадувачката оставка на Џим Џон Ким, кој требаше да остане на функција до 2022 година.

 Веста за неговата оставка ја сподели Ројтерс и набргу потоа беше потврдена од Светска банка.

Шансите на Георгиева да остане цел мандат се минимални, оценуваат бугарски медиуми, бидејќи традиционално е на чело на СБ е Американец.

Таа ќе остане на чело на СБ се додека претседателот Доналд Трамп не предложи нов кандидат.

SHARE