Бугарска фудбалска ѕвезда одби примамлива понуда од Шкендија

Некогашниот напаѓач на Јувентус, на Манчестер Сити и на фудбалската репрезентација на Бугарија, Валери Божинов, одбил добра понуда од македонскиот шампион Шкендија.

На досегашниот 33-годишен играч на Левски тетовци му понудиле едногодишен договор, за со своето богато меѓународно искуство да им помогне да се пласираат во групната фаз на Лига Европа, пишуваат бугарските медиуми.

Божинов, кој има играно и за Фиорентина, Спортинг, Парма, Лече, Верона, Партизан, Риека, за бугарскиот национален тим има 43 настапи и шест гола. Во пролетниот дел од првенството на источниот сосед забележа 11 настапи и четири погодоци за Левски.

SHARE