Бугарската стипендија за македонските студенти поголема за 40 лева

Месечната стипендија за студентите од Македонија и од бугарските заедници во странство ќе се зголеми од 200 на 240 лева (околу 120 евра), предвидува предлогот од Владата на Бугарија, за која ќе се гласа по 7 јануари.

Министерот за образование Красимир В’лчев го образложи предлогот со тоа што поголемиот дел од стипендистите потекнуваат од региони со низок животен стандард и нискиот износ на стипендијата „сериозно ја расколебува нивната желба за образование кај нас“, посебно кога соседните земји им нудат значително повисоки стипендии.

Досегашната сума ги демотивира младите луѓе да студираат на бугарските универзитети, па зголемувањето ќе придонесе за остварување на националната политика за привлекување кон татковината на сонародниците зад границата и ќе ја зголеми конкурентноста на државните високообразовни институции, објаснува министерот.

На секој од државните универзитети во Бугарија за македонските студенти се обезбедени дополнително до 150 места.

SHARE