Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, преку Бугарската национална телевизија (БНТ) уште еднаш ѝ се обрати на Македонија.

„Во време пред избори бугарската тема е гума за џвакање во устата на голем дел од политичарите, за жал. Јас сум во контакт со мојот колега од Северна Македонија. Нашиот повик е: ‘Спроведувајте го договорот за добрососедство и пријателство. Условите на Бугарија не се нови“, рече вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија.

„Ако сакате да сте држава-членка на ЕУ, треба да се придржувате кон тоа што сте го потпишале, независно од тоа кој е премиер и министер за надворешни работи, зошто тоа озналчува зрелост и вистинска демократија“

SHARE