„Неверојатни глупости прават нашите, просто неверојатни“, го коментира бугарскиот адвокат Емил А. Георгиев меморандумот од Бугарија до земјите-членки на Европската унија во врска со Македонија.

Во дебатата под објавата на Твитер претседателот на здружението „Независни адвокати“ и член на здружението „Иницијатива правда за сите“, кој себеси се опишува како „про-ЕУ“, го дообјаснува својот став:

„Со опонирање („на нивната измислена историја и на постојаните напади против нас“ – како што му сугерира твитерџија) не правиме ништо. Не правиме ништо ни со поставување ултиматуми. Тогаш секој си останува на своето и ќе го бетонираме моменталното статус-кво. Јас барем не би постапил така, ако зависи од мене“;

„Објаснувачкиот Меморандум за односите меѓу Бугарија и РС Македонија поднесен пред неколку дена е на пат да ги доведе односите меѓу двете држави до точка на замрзнување. Тој го предизвика предлогот на проф. Драги Ѓоргиев (шеф на македонскиот дел од заедничката комисија – н.з.) двете земји да продолжат да се придржуваат до два различни и некомпатибилни национални ‘наративи’. Тоа го прави бесмислено целото значење на Договорот за добрососедство и пријателство“;

„(Вето) не е решение, туку продлабочување на проблемот. Со тоа Бугарија би се самоизолирала во ЕУ, а РСМ би останала надвор од неа. Со други зборови, сите губат. Продуктивна варијанта би била секој да добие по нешто“;

„Според мене, на бугарската јавност треба да ѝ се објасни дека македонското градење нација (nation building) е последица од сложени процеси и ни оддалеку не е производ само на Коминтерната, Сталин и Тито. На македонската јавност треба да ѝ се објасни дека периодот од речиси целиот 19. век до 1920-тите години е заедничка историја за денешните две земји“.

SHARE