Бугарски активист: Тополињска била метреса на Блаже Конески, Попетревски е антибугарин

Бугарскиот активист во Македонија Виктор Канзуров во непримерен напад на полската Македонистка и најпозната светска славистка и на македонски новинар.

Откако Зузана Тополињска за емисијата 360 на Алсат М изјави дека Бугарите и ветувале “брда и долини” за да запре со проучување на македонскиот јазик, Канзуров започна со лични навреди и за неа и за новинарот Васко Попетревски кој според него шири антибугарска пропаганда.

Канзуров се заканува меѓу редови дека ќе следува одговор од Софија.

“Не знам што ѝ ветувале Бугарите на Зузана Тополињска, но освен што во светот на лингвистиката таа служи за потсмев, општо познато е дека госпоѓата беше метреса на еден од главните сподвижници на македонистичката лингвистичка „наука“, споменат во текстчето на „360 степени“, инаку четник на Дража Михајловић (значи, ептен македонист!) и како член на Равногорскиот покрет, прв балкански падобранец за време на Втората светска војна.
Агитпроп емисијата „360 степени“ на Васко Попетревски – кој, по пристрасниот Фридман, сега ни ја носи и Тополињска, да ги убедува гледачите и читателите во фантазмагориите на МАНУ – функционира на Ал-Сат телевизијата, која, ако не грешиме, е блиска до (вечно) владејачката ДУИ-Краљево.
Албанците или „Албанците“ од Ал-Сат и од ДУИ-Краљево, не сум сигурен дека знаат што сакаат со ова форсирање антибугарска пропаганда во речиси секоја емисија на Васко Попетревски, како и со затвореноста за каква и да е различна од југословенско македонистичката гледна точка на програмите на телевизијата, но едно е сигурно, нивното поведение, свесно или несвесно, води кон антизападна ориентација на Република Северна Македонија и нема да остане без реакција од нападнатата страна”, пишува Канзуров.

Тополинска за Алсат-М изјави дека од Бугарските власти добивала барања да запре со изучување на македонскиот јазик кој за официјална Бугарија и Канзуров е само западно наречје на Бугарскиот јазик.

ЛИНК до ставот на Тополинска

SHARE