„Го изразуваме нашето разочарување и длабока загриженост од рамковната позиција на бугарската влада“, пишуваат група бугарски историчари, адвокати, етнолози, политолози и црковни лица, кои започнаа отворена петиција во која со контра-декларација остро ги критикуваат позициите на нивната влада.

Едно од клучните барања на источниот сосед во усвоената Декларација е никаде на ниво на ЕУ да не се споменува македонскиот јазик.

Ителектуалците меѓу кои досега се потпишани Огњан Минчев, Николај Василев, Кирил Чуканов и други познати јавни личности. Тие велат дека ги поддржуваат барањата за забрзана работа на мешовитата историска комисија, но не можат да се согласат со тонот на декларазијата за кој оценуваат дека е„недозволив.“

„Таа содржи голем број на загрижувачки и проблематични барања“, наведуваат тие и оценуваат дека инсистирањето на „заедничка историја до 1944 година од научна гледна точка е тешко за одбрана.
Во неколку наврати тоа се навестува само како историја на еден народ- бугарскиот. Во пракса, всушност се бара од македонската страна да ја препише бугарската историја до таа година. Всушност, денешна Бугарија и денешна Северна Македонија се рамноправни наследници на вековната култура и цивилизација. Затоа, ние го осудуваме поимот ’кражба на историјата’, кој честопати се користи од некои националисти од обете страни.“, се вели во петицијата , пренесува Дојче веле.

SHARE