Бугарски новинар: Ако ја запреме Македонија кон ЕУ, ефектот ќе биде опустошувачки

Мартин Минков, долгогодишен дописник на Бугарското национално радио (БНР) од Скопје, предупредува на разорувачкиот ефект врз односите со Македонија ако Бугарија ја запре на патот кон Европската унија.

„Договорот меѓу двете земји не може да се сведе само на историјата, на работата на комисијата, тој е основа за развојот на идните односи. Во моментов сме во деликатен период, со оглед на тоа дека претстои тешка одлука во однос на почетокот на преговорите (на Македонија – н.з.) за членство (во ЕУ). Се надевам дека нема да се стигне до блокирање на почетокот на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија. Ако таа биде запрена од нас, ефектот бил бил опустошувачки врз нашите односи. Но, неопходен е политички импулс. Го очекувам од евентуалната идна меѓувладина средба пред конечната одлука за почетокот на преговорите“, изјави Минков за БНР.

SHARE