Бугарски вицеадмирал до „браќата од Македонија“: Никој не ве сака, мисли и тагува за вас како Бугарите

На долгата низа јавни личности од Бугарија со пораки за „заедничка историја“ со Македонија се надоврза и вицеадмиралот Пламен Манушев, пратеник на ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов и претседател на Комисијата за одбрана на бугарскиот парламент.

За Илинденското востание тој смета дека го разделува, а не обединува народот од двете соседни земји.

„За жал, нè разделува. Кога бев таму пред една или две години, сакаа Илинденско-преображенското востание да се раздели и да биде само Илинденско. Според нив, Илинденското востание на 2 август си било нивно, а Одринското немало ништо заедничко. Доста време ќе треба да помине за да разберат тие луѓе дека сме биле еден народ и дека сме се бореле за една заедничка кауза – за обединување на татковината. Сметам дека тоа време ќе дојде. Тоа што го направивме со Македонија и со Договорот за пријателство и за добрососедство е добра основа. Треба да ја продолжиме работата. Треба да разберат нашите браќа таму дека нема што да нè дели. Тоа може само да нè обединува и треба да одиме заедно напред кон иднината. Поблиски луѓе, кои повеќе ги сакаат, мислат и тагуваат за нив од Бугарите и од Бугарија нема“, изјави Манушев за бугарската агенција Фокус.

SHARE