Со бугарскиот пасош може да се патува во 169 земји во светот и според тоа е рангиран на 19 место, пренесува Novinite.com.
Од земјите во балканскиот регион, пасошот со кој најлесно се патува е оној на Грција, кој е на 7 место според рангирањето на Henley passport Index за 2019 година.
Македонија се рангира на 43-то место на листата и со него може да се патува во 125 земји.
Во регионот, пред бугарскиот пасош е оној на Словенија рангиран на 11 место, Хрватска е на 20, Србија на 40 место, Црна Гора на 45 место.
Босна и Херцеговина на 49-то, Албанија на 50-то, а најслабо е рангиран пасошот на Косово кој е на 90 место.
Јапонија има најмоќен пасош во светот, по кој следуваат оној на Сингапур, Јужна Кореја, Франција и Германија.
На дното на листата од 190 земји се Пакистан, Сомалија, Сирија, Авганистан и Ирак, пишува БГНЕС.