“Бугарските банди” ги скараа Макрон и Борисов

Сериозен дипломатски судир меѓу официјални Софија и Париз.

Бугарското Министерство за надворешни работи упатило протестна нота до официјален Париз за изјава на францускиот претседател Макрон дадена за списанието “Валор актуел”.

Во изјавата Макрон вели дека повеќе претпочитал легални мигранти од Африка отколку нелегални “украински или бугарски банди”.

Министерката Захариева од бугарскиот амбасадор во Париз Ангел Чолаков побарала протестната нота да ја предаде на нејзиниот француски колега.

Во исто време во МНР во Софија е повикан францускиот амбасадор Флоранс Робин за да ја објасни позицијата на Макрон.

https://news.bg/politics/mvnr-vrachva-protestna-nota-v-parizh-i-privikva-poslanika-na-frantsiya-v-sofiya.html

SHARE