Под мотото „ферплеј“ се одржа средба во владата на Бугарија, каде во пресрет на  новото фудбалско првенство претставници на бугарскиот фудбалски сојуз (БФС), сопственици на клубови ветија дека нема да има местенки и купување натпревари.

Средбата ја иницирал премиерот Бојко Борисов на која приустувале и министерот за внатрешни работи Младен Маринов, главниот обвинител Сотир Цацаров…

Претседателот на БФС Борислав Михајлов заблагодарил на Борисов за оваа средба, а присутните дале ветување дека ќе се обезбеди максимална релаксација на (фудбалските) судиите да си да си ја вршат работата.

„Големите клубови се ракуваа, што се случува многу ретко“ изјави Михајлов и додаде дека доколку некој судија има податоци дека бил под притисок или заплашуван да се обрати до МВР или Обвинителството.

„Нашиот фокус ќе биде да не се дозволи купување на натпревари и притисок врз судии“, изјави  министерот за внатрешни работи. БГНЕС

SHARE