Бугарските министри и пратеници се откажаа од платите

На вчерашната седница, пратениците на владејачката партија ГЕРБ поднесоа предлог, што беше прифатен и од другите, целосно да се откажат од нив до крајот на вонредната состојба, пренесе БГНЕС.

На пратениците и натаму ќе им се плаќа осигурувањето, но додека не се укине вонредната состојба во земјата, прогласена на 13 март, целата нивна плата ќе биде префрлана на сметката на Министерството за здравство, за државата да ги користи во борбата против ширењето на Ковид-19.

Освен за пратениците, оваа  најнова мерка ќе важи и за министрите и нивните политички кабинети, како и за претседателите на државните и извршните агенции.(МИА)