Бунт во селото на градоначалникот што го бришеше “Сонцето од Кутлеш”

На градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски му се случува бунт во родното село откако во саботата во полициски час испрати фирма со брусилица да го избрише Сонцето од Кутлеш од градскиот плоштад Каропошово востание.

Во знак на протест жители на родното село на градоначалникот на висок јарбол поставија знаме со Сонцето од Кутлеш и дефилираа со 24 вакви знамиња во училишниот двор по што знамињата се поставени на повеќе локации и куќи низ селото.

Родното село на градоначалникот се вика Мождивњак и важи за едно од најактивните во овој регион пред и по Крушевското востание.

Во пораките на социјалните мрежи од градоначалникот се бара да не доаѓа во родното село затоа што таму “За предавници нема место”.

Според извори во општината Крива Паланка во локалната канцеларија на СДСМ од каде доаѓа и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски се размислувало за полициска интервенција за симнување на знамињата од јавниот простор согласно Преспанскиот договор но засега нема движење на полициски сили во селото.

Граѓани на Мождивњак по поставувањето на знамињата забележале непознати цивилни возила со скопски регистрации низ селото и се сомневаат дека се работи за луѓе блиски на СДСМ или на странски дипломатски претставништва кои се испратени да проверат дали се крши договирот од Преспа со кој беше забрането употреба на Ѕвездата од Кутлеш (Вергина) на јавно место.

SHARE