Цаца Биљановска ќе биде разрешена денеска?

Директорката на Клиниката за кожни болести која е заразена со коронавирус за време на престојот во Италија, ќе биде разрешена уште денеска.

Иако вчера Филипче рече дека разрешувањето не е можно бидејќи законите забрануваат именувања и разрешувања за време на избори, тој денеска информираше дека по консултацијата со Комисијата за спречување на корупција, ќе биде донесена одлука за нејзино разрешување и дека ќе постави времен директор, пренесе „Либертас“.

Клиниката за кожни болести од вчера е целосно затворена, а сите вработени се во домашна изолација.

Од Лекарската комора, пак, денеска изјавија дека најмногу што можат е да ѝ изречат опомена на директорката на кожно која по враќањето од Италија, продолжила на работа.

SHARE