Царинската управа ќе вработи нови 78 лица

Царинската управа, објави оглас за вработување на 78 лица – началници, инспектори, цариници, виши цариници, советници, наплатувачи – за плата која се движи од 16 до 40 илјади денари.  

На последниот ден од 2018 година Царина објави оглас за вработување на советник на директорот, за плата од примамливи 46.000 денари.

Во октомври 2018 година, во Царинската управа беше објавен оглас за вработување на 58 лица, за плата од 23 до 34 илјади денари.

Новогодишно уште околу 30-тина државни институции објавија конкурс за вработување на нови административци.

SHARE

Оставете Коментар