Царовска: Ќе се одложи распуштањето на парламентот!?

Вицепремиерката Мила Царовска, вели дека нема да има одложување на изборите најавени за 12 април, но не исклучува одложување на датумот за распуштање на парламентот предвиден за 12 февруари.

Потпретседателката на СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ, со одложувањето на консензусот за законот за ЈО може да предизвика одложување на распуштањето на парламентот.

„Консултациите за законот за јавно обвинителство продолжуваат и денеска и во моментот кога сите елементи ќе бидат исполнети тој ќе се најде на гласање.

Изборите се најавени за 12 април и тоа е така.

Но, секое одложување и замајување на јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ со одложување на главни закони и можност за нивно гласање ќе доведе само до подолго функционирање на парламентот“, изјави Царовска.

Царовска вели дека за ЗЈО уште се преговара, но не откри колку пратеници во моментот го поддржуваат законот.

Претседателот за Собранието, Талат Џафери, изнесе поинакво мислење.


SHARE