Министерката Мила Царовска на Твитер ги демантира тврдењата на професорката Јасна Котеска, која обвини дека министерката планирала да ја укине Групата македонскиот јазик на Филолошкиот факултет.

„Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котевска, повикувам да запре ширењето на дезинформации. Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет.

Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации, порача Царовска, напиша Царовска на Твитер.

SHARE