Царовска молчи, вистината се уште скриена – пишува Горан Момироски

Вчерашната колумна насловена „Спиеш ли мирно Царовска Мила“ ја постигна една од целите.

Вчера по објавувањето предизвика вознемир кај сите што работат со заштита на детски права во Македонија.

Текстот напишан по принцип ред солзи, ред зборови барем малку го зголеми јавното внимание за проблемите на децата без родители кои што добиваат помош од државните институции. За нивните маки и за малтретирањето што го живеат во домовите во кои треба да добијат ништо помалку од љубов и разбирање.

Но тоа е далеку од доволно.

Главната цел е да одговараат сите што свесни или несвесно направиле хаос во животите на деца за кои сите имаме обврска да се грижиме.

Сосема очекувано, министерката Мила Царовска барем јавно не покажа дека е загрижена и не даде никаква изјава на оваа тема. А имаше шанса, таа вчера беша на настанот на кој заедно со градоначалникот на Карпош отворија нови простории во градинката Јасмин во скопско Тафталиџе. Подоцна учествуваше на уште два настани, на дебата во Битола и на отворање на нова градинка во селото Кравари.

Уште поочекувано, ниту новинарите што ја следеа на настаните не поставија прашање дали има причина да не спие мирно.

Откако вчера дала инструкции на сите јавни установи кои што згрижуваат деца без родители да испратат информации за случаи на малтретирање на деца денеска ќе и помогнам да го лоцира проблемот за кој или знае и молчи или не е информирана од страна на раководител кој се обидел да го забошоти случајот на насилство врз деца во државна институција.

За тие што вчера ме обвинија дека калкулирам и на објавувам се што знам, уште еднаш да објаснам, се работи за заштита на приватност на две деца, две златни деца кои што немале среќа да растат со своите родители и за кои се грижат институциите.

За мене е најлесно да ги објавам доказите веднаш но со тоа ризикувам со дознавање на нивниот идентитет да уништам две детски судбини кои се обидувам да ги заштитам од средината.

Одмаздата кон децата и кон тие што се охрабрија да проговорат за проблемот е втората причина зошто се обидувам да ја натерам министерката Мила Царовска да спроведе итна истрага и заедно со одговорните лица да преземат одговорност.

Инцидентот за кој зборувам се случил во скопска институција. Две деца на мала возраст се физички малтретирани.

За нивните страдања постојат фото материјали.

Кој ги тепал и им нанесол повреди, во рамки на законите и внатрешните процедури на Министерството за труд и социјала, би требало да ни каже министерската Царовска.

Да повторам, ако знае за случајот како што велат моите информации таа има и кривична одговорност. Ако не знае а и се случува малтретирање на деца во институција во која таа поставила раководител сноси политичка и морална одговорност.

П.С.

Вчера еден човек кој работи со деца згрижени од државата ме предупреди дека може да бидам обвинет дека кријам докази за кривично дело.

Подготвен сум сите докази што ги имам да ги доставам до Јавното обвинителство или друга институција која што формално би се зафатила со овој случај по допрен глас од јавноста.

Но засега никој не ме контактирал на оваа тема.

Првиот дел од колумната

Спиеш ли мирно Царовска Мила? – пишува Горан Момироски

SHARE

2 Коментари

  1. Дали ти Момироски си нормален? Велиш, вчерашната колумна постигнала една од целите – ПРЕДИЗВИКАЛА НЕМИР кај СИТЕ што работеле на заштита на детски права! Дали нормален човек би сакал да предизвика немир кај сите тие што работаат на заштита на детски права? Нормален човек би сакал да предизвика внимание и заинтересираност кај сите тие што работаат на заштита на детските права, а не немир. Немир од некое укажување може да се предизвика само кај оној што е виновен за нешто, А НЕ КАЈ СИТЕ. Второ, пишуваш главна цел ти била да одговараат сите што СВЕСНИ или НЕСВЕСНО направиле хаос во животите на децата. Во кој закон, во која земја на светот, некој одговара за нешто што го сторил НЕСВЕСНО, или со други зборови, НЕ БИЛ СВЕСЕН за тоа што го прави? Може да одговара некој што сторил од негрижа, но не од несвесност. Новинарите што ја следеле Царовска не поставиле прашање дали спиела мирно? Зошто да постават такво прашање? Затоа што Момироски поставил? Велиш, не си објавувал се`што си знаел поради заштита на приватноста на две деца!? За тебе било „најлесно“ да ги објавиш доказите ВЕДНАШ, но со тоа си ризикувал да се дознае идентитетот и да се уништи судбината на двете деца!? А ако ПОСТЕПЕНО ги објавуваш доказите, не ризикуваш да се дознае идентитетот? А ако не ги објавуваш доказите или не ги даваш на надлежните институции, КАКО ќе се дознае за стореното дело и како одговорните ќе бидат казнети? Бараш Царовска да спроведе истрага и да открие кај се случило тоа за што ти имаш докази, кој биле децата и кој тие деца физички ги малтретирал. А ТИ ЌЕ ЌУТИШ и ќе ги криеш доказите? Си БИЛ ПОДГОТВЕН сите докази да ги ДОСТАВИШ до Јавното обвинителсто, но засега НИКОЈ НЕ ТЕ КОНТАКТИРАЛ по оваа тема? Што чекаш? Зошто не ги доставиш доказите? Чекаш НЕКОЈ да те контактира? Што мислиш ти Горан Момироски? Мислиш ли дека си некој голем и славен новинар, па сите во Македонија, па и оние од Јавното обвинителсто ги читаат твојте колумни, а никој не те контактирал за тоа што си го напишал?

Comments are closed.