Царовска: Нема скратено работно време за вработените пред пензија

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како дезинформации и шпекулации ги оцени информациите дека со новиот закон за работни односи, кој е во фаза на изработка, се планира намалување на работното време за повозрасните работници.

Односно жените со навршени 60 години старост, а мажите со 62, да работат шест часа, а да ја задржуваат целата плата до пензија, пренесува Независен.

Министерката вели дека објавувањето на таквата вест е дезинформација и шпекулација.