Царовска: За 2,5 години се вработиле 60.000 лица!

Вицепремиерката за економија, Мила Царовска вели дека за 2,5 години речиси 60 илјади граѓани нашле работа благодарение на Оперативниот план за вработувања на Владата.

За оваа намена од државната каса само лани се потрошени над 21 милион евра.

„Со донесувањето на Законот за практиканство може да се види дека со тоа се дава  можност да младите лица коишто немаат каде да стекнат одредена  пракса или стекнување на вештини коишто директно носат  до поголема вработеност. Преку овој закон на легален  начин ќе може истото тоа да го стекнат во фирмите од што имаат бенефит  и невработените лица и оние коишто се бизниси коишто имаат потреба од  дополнителен потенцијал“, рече Мила Царовска, вицепремиерка за економија.

SHARE