Градот Вухан во Кина каде се поојави од каде почна да се шири смртоносна болест предизвикана од корона вирусот е затворен и прогласен за карантин.

Медиуми јавуваат дека најверојатно извор на вирусот се змии.

На жителите на 11.милионскиот град им е забрането да ја напуштат територијата на Вухан.

Привремено се прекинати и авионските врски во Вухан, како и ссообраќајот на автобусите, возовите, па дури и во метроата во и од тој правец.

Во градот почна дезинфекција на улици, кои се мијат со специјален раствор.

Поставени се специјални шатори во кои се изолираат заразените пациенти во случај на масовно ширење на болеста.

На Твитер се споделуваат снимки на кои гледа како жителите на Вухан се обидуваат да дојдат до храна пред да се затвори градот.

SHARE