Цел лабораториски тим во ГОБ 8 Септември во изолација?

Цел тим од биохемиската лабораторија во Градската општа болница 8-ми Септември е заразен од коронавирусот во Ковид-центарот и поради позитивни тестови сите од едниот тим ќе бидат 14 дена во самоизолација.

Ова го објави Ивица Апостолов, вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија Скопје и претседател на Здружение на медицински лаборанти Клинички Центар Скопје кој им посака на заболените брзо опоравување без компликации, а на преостанатите колеги и на другиот тим да издржат.

Вчера медиумите објавија дека над 100 пациенти се во сериозна состојба во оваа болница.

Критично во “8 Септември” – над 100 заболени на кислородна поддршка