“Цел мандат со глупости се бавиш”, реакција на фалба на Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче се пофали дека денеска учествувал во операција на пациентка во Скопје.

“Повторно во сала на операција. Утрово со колегите на Неврохирургија извршивме успешна операција кај 29 годишна пациентка. Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна и беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува. 💪 🙏 “, напиша Филипче на Твитер.

Во коментар на неговиот пост еден граѓанин му кажа што мисли за неговиот пост:

“Земи работи доста со глупости цел мандат се бавиш, една операција ако си направил незначи одма на профил….”.

Реакцијата на граѓанинот се однесува на Високиот број на починати и заразени од Корона што е централна одговорност на Филипче.

Денеска до 1530 часот јавноста не знаеше колкав е бројот на починати и заразени во последниве 24 часа.

SHARE