Цела држава ја бара, Катица се разубавува на фризер (ФОТО+ВИДЕО)

Модната новинарка и трендсетерка Марија Пијанманов ја откри најголемата политичка тајна во моментов во земјава.

Додека цела држава ја бара под дрво и под камен специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се разубавува на фризер во моден салон во Скопје.

Обвинителката Русковска изјави дека Јанева се слуша на спикерфон додека Боки 13 бара рекет од бизнисмен а граничната полиција има наредба да ја запре ако се обиде да излезе од државата, а таа се разубавува.

Специјалната обвинителка Катица Јанева пред 1 недела кога беа уапсени осомничените за „Рекет“ ја информираше јавноста дека поднесува оставка, а следниот ден си отвори боледување.

Линк до видеата

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2418373021556718&id=100001521328843&sfnsn=mo

SHARE